Хималаи
Хималаите сепланински венец во јужна Азија. На нив се наоѓа највисоката точка на планетата Земја - врвот Монт Еверест, висок 8850 метри и вториот највисок врв во светот. Хималаите се највисок планински венец во светот но не се најдолги, најдолги се Андите кои се протегаат од северниот дел на Јужна Америка па се до југот на Чиле и Аргентина. Хималаите се највисоките планини во светот. Се протегаат од реката Инд на запад до мјанмарско-кинеската граница на ситок - во должина од околу 2 500км, а во широчина од околу 200-300 км. Од југ се ограничени со Хиндустанската Низина во индија, а од север со горниот тек на реката Инд и горниот тек на реката Брамапутра. Северно од Хималаите се протегаат паралелен планински венец познат како Трансхималаи и висорамнината Тибет. Северозападно од Трансхималаите се протега Каракорум, а на него во јужниот дел на Памир се протега планинскиот венец Хиндукуш, кој продолжува во Авганистан. Источно од свртувањето на реката Брамапутра, Хималаите и Трансхималаите свртуваат кон југоисток спуштајќи се кон југ во Мјанмар. На вака големите височини на Хималаите се присутни голем број глечери што се спуштаат до околу 3 000м. Во шумските региони на Хималаите се среќаваат разни животински видови, како што се: слонови, носорози, биволи, мајмуни, диви свињи, елени, тигри, диви кокошки, папагали итн.