Германија
1. Германија
•Германија се наоѓа во срцето на Европа. Германија, службено Сојузна Република Германија,е сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главен и најголем град е Берлин - кој некогаш бил поделен на источен и западен дел, а денес е обединет во единствен град за луѓето кои живеат во него. Германија покрива површина од 357.021 км² и главно има умерена сезонска клима. Со 81,8 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија.
2. ГЕОГРАФИЈА
- КЛИМА
•Поголемиот дел од Германија има умерена сезонска клима, во која преовладуваат западните влажни ветрови. Климата е под влијание на северноатлантската струја, северното продолжување на Голфската струја. Оваа потопла вода влијае на областите, кои се граничат со Северното Море; како последица на тоа на северозапад и север, климата е океанска. Врнежите од дожд се случуваат преку целата година, особено во лето. Зимите се благи, а летата имаат тенденција да бидат топли, со температура околу 30 °C.
- БИОРАЗНОВИДНОСТ
Најголема и најпозната е Црната Шума (Schwarzwald) на југозапад од земјата, каде што извира и реката Дунав.Името го добила многу одамна, кога се уште била густа, а сончевата светлина, едвај продирала во неа.Геранија е и планинско-ридска земја, а најголеми планини се Алпите кои се наоѓаат на југ. Територијата на Германија може да биде поделена во два екорегиона: Европско-медитеранскиот со мешани шуми по планините и Североисточно-атлантскиот покрај приморјето. До 2008, поголемиот дел на Германија бил покриен или од обработливо земјиште (34%) или од шуми и гори (30,1%); само 13,4% од површината се состои од постојани пасишта, 11,8% е покриена од населби и улици.
Растенијата и животните главно се слични со оние од средна Европа. Буките, дабовите и другите листопадни дрвја претставуваат една третина од шумите; четинарите се зголемуваат како последица на пошумувањето. Смреките и зимзелените дрвја доминираат во високите планини, додека боровите се наоѓаат на песоклива почва. Постојат многу видови на папрати, цвеќиња, габи и мов. Диви животни, кои се сретнуваат се елени, диви свињи, муфлони, лисици, јазовци, зајаци и други животни.
3. ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ
Германија е сојузна држава составена од 16 сојузни републики. Сите тие имаат свое собрание (парламент) и своја влада. Меѓу тоа имаат обврска да ги спроведуваат сојузните закони и одлуки донесени од сојузната Влада. Во Германија постои Сојузно Собрание (Бундестаг) со 603 пратеници кои се бираат на 4 години и сојузна Влада (Бундесрад) со 69 пратеници – претставници од сојузните републики. Секоја сојузна република иам најмалку по 3 пратеници што зависи од бројот на жители. Право на глас имаат сите граѓани над 18 години и сите Германци со стално место на живеење во други земји. Претседателот на државата се избира на 5 години од страна на сојузното собрание. Таа е член на ЕУ.
4.ОКТОБЕР ФЕСТ
•Октоберфест е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во Минхен , Германија почнувајќи од крајот на септември до почетокот на октомври. Тоа е еден од најпознатите настани во Германија и најголем светски фестивал, со посетеност од над шест милиони луѓе. Минхенскиот Октоберфест традиционално се одржува шеснаесет дена, вклучувајќи ја и првата недела од октомври. Во 1994 година, како резултат на Германското обединување, распоредот бил изменет, така што оттогаш натаму, ако првата недела од октомври паѓа на први или втори октомври, тогаш фестивалот продолжува до трети октомври (Германскиот ден на обединување).
5. Кригли –сувенири
•Октоберфестовските пивски кригли се направени од дебело стакло и типично имаат декоративно пивско лого, што ги прави популарни сувенири меѓу посетителите. Криглите може да се купат по прифатливи цени во шаторите. Притоа, купувачите треба да ги чуваат сметките, затоа што полицијата може да им ги побара во потрага по украдените кригли. Ако полицијата фати некого со украдена кригла, таа може да изрече казна вовисина од над 50 евра. Исто така, постои и октоберфестовска кригла – сувенир што го претставува Октоберстовскиот плакат од тековната година. Оваа кригла-сувенир е направена од глина наместо од стакло и е со калајски капак.
Проект: Германија