Тибетска висорамнина
Тибетска Висорамнина е голема висорамнина во Централна или Источна Азија што го опфаќа најголемиот дел од автономниот регион Тибет и покраината Ќингхај во западна Кина, како и делови од Ладак во сојузната држава Џаму и Кашмир, Индија. Се протега во должина од околу 1.000 км од север на југ и 2.500 км од исток на запад. Има просечна надморска височина преку 4.500 м, а зафаќа површина од 2.500.000 км². На неа се сместени изворите и сливовите на највеќето реки во околните региони. Има десетици илјади ледници и други географско-еколошки елементи што служат како водоснабдувач и одржувач на речните сливови. Денес се вршат бројни истражувања за влијанието на глобалното затоплување врз висорамнината. Поради висината и малото количество на вржени, висорамнината се карактеризира со алпска тундра, што дава намалена биоразновидност. Во Тибет живеат волци, диви магариња, жерави, мршојадци, јастреби, гуски, змии и биволи. Од особен интерес е пајакот-скокач од видот Euophrys omnisuperstes, што живее на височина до 6.500 м.