top of page

Русија

•РУСИЈА

Руската Федерација или Русија е земја која се простира на огромни пространства од источна Европа и северна Азија. Со површина од 17,075,400 km², Русија е најголемата земја во светот (околу 11,5% од вкупната светска површина), покривајќи скоро двапати поголема територија од Канада, Кина или Соединетите Американски Држави. По бројот на население (144,526,378 жители) Русија е седма во светот, по Кина, Индија, САД, Индонезија, Бразил и Пакистан.

Порано доминантна република во Сојуз на Советските

Социјалистички Републики (СССР), Русија сега е независна земја и влијателен член наЗаедницата на независни држави (ЗНД) од распадот на СССР во декември 1991 година. За време на Советската ера, Русија официјално се виката Руската Федеративна Социјалистичка Република (РФСР). Русија се смета за надледник на Советскиот Сојуз како во економски, така и во дипломатски рамки.

1213.jpg

•ГЕОГРАФИЈА И КЛИМА

Русија се граничи со Норвешка, Финска, Естонија,Латвија, Литванија, Полска (со последните две преку Калининградска област), Белорусија, Украина, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Кина, Монголија и Северна Кореја. Русија се доближува до САД, кај Беринговиот Премин. Северна и источна граница ѝ се Атлантски, Северен Леден, и Тихи Океан. Русија истотака има излез на Црно, Балтичко и Касписко Езеро.На територијата на Русија се наоѓаат најразлични природни зони, од пустинските брегови на Касписко Море до поларните ледови на Нова Земја и Новосибирските Острови. Широко застапени се степите, тајгите и тундрите. Релефот на Русија е различен. Околу 70% од територијата на Русија е опфатен со рамнини. Најголема е Источноевропската Низина. На нејзината источната страна се наоѓа планината Урал со највисок врв Народнаја (1895 метри). На исток од Урал се наоѓа Западносибирската рамнина, Средносибирското блато и Јакутската рамнина.

•ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ

Според Уставот на Русија, земјата е федерација и полупретседателска република, каде претседателот е шеф на државата а премиерот е на чело на владата. Руската Федерација е фундаментално структурирана како мултипартиска претставничка демократија, со федералната влада составена од три гранки, законодавна, извршна и судска власт.

Државното уредување на Русија се состои од Устав, кој бил изгласен на 12 декември 1993 година.

  • Проекти:


Featured Posts
Recent Posts
Archive
Follow Us
No tags yet.
Search By Tags
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page