top of page

Кариби

Кариби или Карипски Острови ce регион во Средна Америка, кој

се состои од Карипското Море, неговите острови (повеќето од кои

го обиколуваат морето), и околните брегови. Регионот се наоѓа

југоисточно од Северна Америка, источно од копнена Средна

Америка, и на север и запад од Јужна Америка.

Името „Кариби“ е дадено по Карибите, една од најдоминантните америндиски групи во регионот во времето на европскиот контакт за време на доцниот 15 век. Аналогното „Западни Инди“ потекнува од Кристофер Колумбовата идеја дека тој се укотвил на Индите (тогаш се мислело дека тие ја опфаќале цела јужна и источна Азија) кога всушност тој стигнал до Америка. Шпанскиот термин „Антили“ бил општо-посветен на новооткриените земји.карабија е популарно име за групата острови во карипското море.

Сместена највеќе на Карипската Плоча, областа зафаќа повеќе повеќе од 7000 острови, островчиња, атоли и гребени. Западните Инди се состојат од Антилите, поделени на поголеми Големи Антили, кои го ограничуваат морето на север и Малите Антилина југ и исток (вклучувајќи ги Заветрените Острови) и Бахамите, кои се наоѓаат североисточно од морето. Бермудите лежат многу посеверно, во Атлантскиот Океан и понекогаш се вклучуваат во Западните Инди. Геополитички, Западните Инди обично се сметаат за подрегион на Северна Америка и се организирани во 28 територии, вклучувајќи суверените држави, прекуморските дестинации и зависните области.

¨Карибите се извонредни за различноста на нивните животни, габи и растенија. Pегионот, исто така, содржи околу 8% (од површината) на светот корални гребени, заедно со широки ливади, кои често се наоѓаат во плитките морски води гранични сo континенталнитe брегови надвор од регионот. Многу од екосистемите на Карибите се опустошени од уништувањето на шумите, загадувањето, и човековото вмешување. Карибите содржат десетици загрозени животни (кои се движат од птици, цицачи и влекачи), габи и растенија.

Picture1.jpg
Pictu565255re2.jpg

ggggg.jpg


Featured Posts
Recent Posts
Archive
Follow Us
Search By Tags
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page