Париз
Париз е главен град на Франција, а воедно претставува и административен, политички, стопански, културен и образовно-научен центар на таа земја. Градот лежи на бреговите на реката Сена во северниот дел на Франција, во регионот Ил де Франс т.е. парискиот регион.
Географија
Градот Париз е лоциран на реката Сена. На реката се наоѓаат и два острова во самиот центар на градот, еден помал островот Сен-Луј и другиот поголем островот Ил-де-ла-Сите, кој воедно претставува и атракција за туристите, бидејќи на него се наоѓа познатата Богородична црква, (Нотр-Дам) и мостот Понт-Неф (Новиот мост), кој денес впрочем е најстариот мост на реката Сена, изграден уште во 1607 година. Најниската точка на градот е на 35 метри надморска височина, додека највисоката е 130 метри надморска височина (ридот Монмартр).Надвор од Париз постојат два големи парка и тоа, Булоњската шума и Винсенската шума. Тие зафаќаат површина од 86,92 km2. Во 1929 година двете шуми официјално биле споени со градот.
Клима
Париз има океанска клима и е под влијание на атланската струја и тоа доведува да нема некои големи температурни разлики во текот на годината.
Париз има релативно топли лета со просечна највисока температура од 25 °C (77 °F) и просечна најниска температура од 15 °C (59 °F). Зимите се студени, меѓутоа без поголеми минусни температури, со просечни температури од 3 °C (37 °F) до - 8 °C (46 °F). Пролетните и есенските денови се претежно со блага температура и со умерени студени ноќи. Врнежите се чести во текот на целата година и често може да дојде до ненадејни врнежи во текот на денот. Годишниот просек на врнежи е 642 mm/m2. Снегот е релативно ретка појава во Париз.
Највисоката температура некогаш измерена во Париз е 40.4 °C, измерена на 28 јули 1948, додека најниската била −23.9 °C (−11 °F), изнерена на на 10 декември 1879. Париз годишно просечно има околу 1789 сончеви часови, најмогу сонце има во јули, просечно по 240 часа месечно, а најмалку во декември 53 сончеви часа месечно.
Највисоката температура некогаш измерена во Париз е 40.4 °C, измерена на 28 јули 1948, додека најниската била −23.9 °C (−11 °F), изнерена на на 10 декември 1879. Париз годишно просечно има околу 1789 сончеви часови, најмогу сонце има во јули, просечно по 240 часа месечно, а најмалку во декември 53 сончеви часа месечно.
Транспорт
Улогата на Париз како светски центар, наметнува потреба од квалитетен транспорт до и надвор од градот. Градот има повеќе видови на јавен превоз со цел брзо и квалитетно превезување на патиници од едно до друго место во градот. RATP e државна компанија за масовен превоз во Париз. Таа вклучува 654 автобуски линии, метро, трамвајски линии, RER железничка мрежа во густо населените области и OPTIL, приватна мрежа од автобуски линии.
Париското метро е назначајниот транспортен систем, со 300 станици, поврзани со 214 km мрежа и со 16 линии низ целиот град. Во Париз има 4 трамвајски линии, а во план е отворање на уште шест. Во Париз популарен е и велосипедскиот превоз со изнајмување на велосипед, познат како Велиб (Vélib'), со над 20.000 велосипеди дистрибуирани на 1450 јавни паркинг места. Во 2008 година е воведен и фери систем Вогу (Voguéo) на реките Сена и Марна.
Париз е поврзан со другите Француски и Европски градови со железница, со супер брзите TGV возови, како и со обични возови.
Париз има два големи аеродрома: Орли и Шарл де Гол (еден од најголемите аеродроми во светот, по број на слетувања и по број на примени патници). Во близина на градот се наоѓаат и два помали аеродрома.
Париз има и развиена мрежа од автопатишта, кои го поврзуваат градот со големите градови во Франција и Европа, како Лион, Лил, Стразбур, Нант и европските како Брисел, Франкфурт и др.