Патот на јагулата
•Охридската јагула, која ги населува водите од езерата и реките кои му припаѓаат на јадранскиот слив, припаѓа кон фамилијата европски јагули, една од 16 видови слатководни од поширокото сeмејство на 400 виидиви, главно морски змиести риби обединети под ова име. Според некои процени јагулите настанале уште во периодот од пред 140-65 милиони години што на некој начин еволуциски ги прави современици на диносаурусите. Оваа јагула ги населува сите природни воодотеци што се поврзани со морето, а кои не се преградени со природни или вештачки пречки. Долгото плоскаво тело може да достигне должина од 200 см. и тежина од 6 кг. Ова се максималните вредности, кои важат само за женските примероци, додека машките се значително помали и достигнуваат максимум 50 см. должина и тежина од 200 г.
•Телото е покриено со мали, речиси невидливи лушпи под кои се наоѓа развиен систем од капилари за апсорбирање кислород од воздухот и од водата, која го потпомаг дишењето преку жабрите. Во вода 15% од кислородот се внесува преку овој систем, а надвор од неа дури 50% од кислородот се апсорбира преку кожата. Ова им помага да поминат некои помали растојанија по копно, за време на нивните долги и мистериозни патувања. Обликот на телото ја вбројува јагулата како еден од послабите пливачи меѓу рибите, иако тие во вода можат да постигнат завидни 35 км на час. Најмногу се осетливи на температура, потреси, а имаат и извонредно развиен осет за мирис и широки носни празнини, додека видот им е послабо развиен. Според некои истражувачи овие предаторски риби, освен што се хранат во вода, при посебни околности можат да излезат и надвор од неа и таму да го побараат својот оброк во некој полжав, црв или растение.
•Активни се само ноќе, а преку денот се вклопуваат во тиња на дното. Таму ја поминуваат и зимата, притоа воопшто без храна. Како и другите риби што живеат во близина на дното, тие меѓусебно комуницираат со електрични импулси, кои освен тоа служат и за опоменување на непријателот. Богатството на протеин и особено масти според хранливоста ги издвојува јагулите од другите риби. Месото на јагулата може да содржи повеќе масти дури и од свинското месо. И покрај сите овие специфичности според кои веќе можеме да кажеме дека се работи за навистина необичен вид, најголемо чудо во врска со нивната егзистенција, со се уште многу неодговорени прашања, е нивниот развој и миграција поврзани се со нивниот репродуктивен циклус.