top of page

Алпи

›АЛПИ

Алпите е името на едни од најголемите планински вериги во Европа, протегајќи се од Австрија и Словенија на исток; преку Италија, Швајцарија, Лихтенштајн и Германија; до Франција на запад.

Највисокиот врв на алпите е Мон Блан, на 4.808 метри (15,774 стапки) од италјанско-француската граница. Сите главни врвови на Алпите можат да се најдат на листата на планини на Алпите и на листата ма врвови на Алпите според еминентност.

›

11.jpg

Името „Алпи“ е изведено од француското од латински Alpes, кое можеби е во сродство со латинското albus („бело“). Германското Albe, Alpe или Alp во еднина значи „alpine pasture“, а само во множина може да се однесува на планинската верига како целина.

›ЈУЖНИ АЛПИ

Јужните Алпи се планински венец кој се протега долж западната страна на Јужниот Остров на Нов Зеланд, и го дели Јужниот Остров на два дела по целата должина. Поимот „Јужни Алпи“ се однесува на целиот венец, но помалите венци во склоп на него имаат свои имиња.

Аораки/Кукова Планина е највисоката планина на венецот (и во земјата) со 3.754 m. Венецот има уште 16 врва кои надминуваат 3.000 метри во височина. Голем дел од венецот е заштитен како дел од разни национални паркови, од кои позначајни се националниот парк Вестленд, Маунт Аспајринг, и Аораки/Кукова Планина. Според едно пребројување од доцните 1970-ти, Јужните Алпи имале над 3000 глечери поголеми од еден хектар, а најголемиот од нив – Тасмановиот Глечер – е долг 29 километри.

›

22.jpg

Јужните Алпи ги именувал капетанот Кук на 23 март, 1770, опишувајќи ја нивната „запрепастувачка височина“. Пред Кук ги видел и Абел Тасман во 1642, чиј опис на западното крајбрежје на Јужниот Остров честопати се преведува како „крај издигнат на високо“.

Јужните Алпи се протегаат долж тектонска граница, дел од т.н. Пацифички Огнен Прстен, при што Пацфичката плоча на југоисток турка западно и се судира со северно-насочената Индоавстралиска плоча на северозапад.[5] Во текот на изминатите 45 милиони години, судирањата од Паџифичката плоча истиснале карпи со широчина од 20 km образувајќи ги Алпите, иако најголемиот дел од овој истисок денес е одронет.

›

Проект:


Featured Posts
Recent Posts
Archive
Follow Us
Search By Tags
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page