Почви во Р.М.
•Почвата е дефинирана како површински слој на земјината кора, формирана од минерални честички, органски материи, вода, воздух и живи организми. Формирањето на почвата е екстремно бавен процес и поради тоа почвата може да се смета како необновлив ресурс.
•Почвата е производ на дејствувањето на педогенетските процеси кои се обусловени од континуираното, заедничкото и меѓузависното дејство на хетерогените педогенетски фактори. Од педогенетските фактори би ги споменале:
--релјефот со различна надморска височина, експозиција и инклинација, хидрографските услови,
- геолошките формации со различна старост и состав,
- присуството на повеќе клими, како и
- различни растителни асоцијации.
•Поради долготрајното дејство на педогенетските фактори нашите почви во текот на времето се менувани, така што достигнале различен степен на еволуција. Кон ова треба да се додаде и долготрајното дејство на човекот кое ја има изменето насоката на природните педогенетски процеси во многу наши почви. Во просторот на нашата земја се јавува голема хетерогеност на почвениот покривач. Тој е мошне мозаичен, што значи дека се менува на мали растојанија. Во Република Македонија има нешто повеќе од 30 почвени типови и уште повеќе поттипови, вариетети и форми.
•Класификацијата на почвите е дел од педологијата во кој се опишуваат различните типови почви. Меѓутоа, во светот не постои единствена и општоприфатена класификација на почвите. Заедно со меѓународниот (Класификација на почвите според ФАО и од 1998 наваму WRB), во многу држави се применуваат и национални системи за класификација на почвите, често основани на принципиелно различни приоди.
Фактори кој влијаат врз создавањето на обработлива почва:
Сончевото зрачење
Мразот
Климата и климатските фактори
Флората и фауната
Човекот со своите активности
Надморската височина
•Најчестите видови на почви во нашата земја се: хумусната, црвеницата, подзолската, алувијалната, смолницата, алувијалната.
•Подзолска почва
Подзолите се голема група на кисели сиалитни елувијално-илувијални-диференцирани почви со профил E-Bt, f, h, al, кои се образуваат под иглолисни и мешани шуми во услови на промивен воден режим при сезонски замрзнувања на глинести морени, покривни глини, глинести делувијални и елувијално-делувијални депозити на кисели карпи. За образувањето на почвата е карактеристично периодично пренавлажнување на површинските делови од профилот за време на пролетното топење на снегот и наесен пред натрупувањето на снежната покривка.
•Алувијална почва
Алувијалните почви се формираат со таложење на ситен речен нанос околу речните корита во рамничарските простори. Богати се со хранливи материи и се мошне плодни.Погодни се за одгледување разни земјоделски култури. Во Република Македонија се најраспространети во рамниците на: Скопската,Гевгелиско-валандовската, Беровската, Кочанската, Пелагонискат Струмичко-радовишката, Охридско-струшката и др. котлини.
•Делувијална почва
Делувијалните почви се формираат кај контактот на рамниците и планинските страни, како акумулирани ерозивни наноси.Поради слабата застапеност на хумус,тие се помалку плодни.Погодни се за овоштарски и за лозови насади. Најзастапени се по рамките на котлините: Полог, Пелагонија,Преспа,Кичевската,Кочанската,Струмичко-Радовишката,Гевгелиско-Валандовската,Охридско-струшката и други котлини.Зафаќаат околу 130 000 хектари.
•Смолница
Смолници се почви кои имаат езерско потекло и затоа располагаат со големо количество и мошне плодни.При голема влажност се лепливи.Погодни се за одгледување житни и индустриски култури,а со соодветно наводнување и за градинарски и за овошни култури.Најраспространети се Овче Поле,Скопска и Кумановска Котлина,а нешто помалку во Пелагонија,во Тиквеш,во Славишко поле и на други места.Зафаќаат околу 80 000 хектари.
•Црвеница
Црвенеци се почви кои се формираат во простори со присуство на варовник.Се сметаат за средно плодни почви.Погодни се одгледување тутун,винова лоза и житни растенија.Најраспространети се во:Пелагонија,Полог,Скопска Котлина,Тиквеш Преспа и други места.Зафаќаат површина околу 30 000 хектари.
•Солена почва
Солените почви се формираат со евапоризација на влажноста во земјата во сушни предели.Сиромашни се со хумус, најзастапени се во Овче Поле.Во Македонија има и други помалку застапени почви. Во Тиквешката Котлина најзастапена е варовничката котлина која што најмногу одговара за одгледување на виновата лоза.