Финска
Финска, или официјално Република Финска е нордиска земја во Северна Европа.Главен град на Финска е Хелсинки.
Службени јазици се фински и шведски, а признаени регионални јазици е лапонскиот јазик.По државното уредување Финска е парламентарна република.
Претседател на државата е Саули Нинисте.
Премиер на државата е Александер Стуб.
2. Финска е заобиколена со Балтичкото Море на југозапад, Финскиот Залив на југоисток и Ботнискиот Залив на запад. На копно, Финска се граничи со Шведска, Норвешка и Русија, а по вода се граничи и со ЕстонијаФинска е држава која се наоѓа во Северна Европа. Околу 3/4 од територијата на Финска е покриена со планини. Во јужниот и северниот дел планините се со бор, даб, јавор и други. Просечната јулска температура е 16° C, а во февруари -9° C. Количината на снежни и дождовни врнежи е 460 мм на север и 710 на југ. Со слаб снег земјата е покриена околу пет месеци годишно во Jужна Финска и до седум месеци во Северна Финска.
3. За Финска се зборува дека е земја на водите. Различни се податоците околу бројот на езера во Финска, но тој број е околу 60.000 езера. Најголемо езеро е Сајма со 1.800 m². Други важни езера се Пајане, Кали, Ори и Инари. Максималната длабочина на Инари е 60 метри. Според некои податоци, езерото има околу 3.000 острови и зафаќа површина од 1.000 m². Најголема река е Боуксен.
4. Хелсинки Хелсинки е главен и најголем град во Финска. Се наоѓа во регионот Усима, сместен во јужниот дел на Финска, на брегот на Финскиот Залив, дел од Балтичкото Море. Хелсинки има 616.042 жители во самиот град додека во пошироката област живеат 1.176.976 жители (31 декември 2012 г.) и метрополитенско население од 1,4 милиони, правејќи го најголем град и урбана област во Финска. Хелсинки се наоѓа на 80 километри северно од Талин, Естонија, 400 километри североисточно од Стокхолм, Шведска и 300 километри западно од Санкт Петербург, Русија. Хелсинки имал слична историја со овие три града и е многу поврзан со нив.
5. Финскиот е балтофински јазик, дел од групата на уралски јазици. Финскиот е официјален јазик на Финска, а воедно и национален јазик, каде го зборува мнозинството од населението на државата (92%). Тој е официјален јазик и на официјалното финско малцинство во Шведска и истиот е еден од официјалните јазици на ЕУ.Финскиот јазик е член на балтофинските јазици и е класифициран како аглутинативен јазик. Тој ги модифицира формите и на именките и на придавките во зависност од нивната улога во реченицата. Има репутација дека е тежок за учење и разбирање, што е првенствено поради тоа што има само мал број јазици сродни со него, така правејќи го речникот непознат.