Холандија
Холандија (холандски: Nederland) — европскиот дел од Кралството Холандија. Холандија е парламентарна демократија со уставен монарх, лоцирана во северо-западна Европа. Се граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток. Холандија е административно поделена на 1 провинции. Денешните граници на Холандија се утврдени во 1839 година. Холандија е една од најгусто населените и географски најниско позиционираните земји во светот, позната по своите брани, ветерници, кломпи, лалиња, велосипеди и толеранција.
Холандија е кралство кое се наоѓа во Западна Европа. Вкупната површина на земјата изнесува 41.526², и според тоа се наоѓа на 135 место по големина во светот. Земјата граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток.
Холандија е една од најнископоставените земји во светот. Околу поливина од нејзината територија се наоѓа под еден метар надморска висина. На нејзинат територија се наоѓаат четирите делти на нејзините најголеми реки: Рајна, Ваал, Меза. Холандија е на трето место на најгусто населените земји во светот. Највисокиот дел на Холандија се наоѓа на 321 метар.
Холандија има морска клима со благи зими и умерени лета. Климата е под влијание на Северното море кое цела година ја регулира. На север температурата е цела година малку пониска од температурата на југ. Крајбрежните, југо-западните, западните и северните провинции во есенските и зимските месеци имаат поблага клима отколку источните и северо-источните провинции. Во лето од прилика најтоплите предели се источниот дел од брабант и северниот дел од Лимбург. Просечно најстудениот месец во повеќето предели е Јануари, а најтоплиот месец е Јули. Во последниве години се зголеми просечната температура во Холандија.Најсончеви делови во Холандија се западниот дел од Зеланд, и северо-западниот дел од јужна Холандија. Со исклучок на островот тексел со 1600-1700 сончеви часови. Просечно 790 mm. дожд во годината.
= Со 484 жители на км2, Холандија е една од најгусто населените земји во светот. Бо Јуни 2006 Холандскиот населението беше 16.336.000, од кои половина живеат во најгусто населениот дел на државата.
- Холанѓаните се едни од највисоките луѓе во светот, со просечна висина од 1,81 метри за мажи и 1,68 метри за жени.
- Населението на Холандија вклучува членови од многу земји во светот. Холанѓаните сочинуваат 80,6 %. Повеќето имигранти доаѓаат од Германија (2,4%) и Белгија (0,7%), потоа од поранешните колонии Индонезија (2,4%) и Суринам (2%), и конечно Мароко (2%) и Турција (2, 2%).
За време на реформацијата, Холандија станала анабаптистичка, менонитистичка и калвинистичка земја. Овие религиозни движења биле поттиснати од страна на Шпанците, кои ја поддржаа Контрареформацијата. По независноста, Холандија го прифатила калвинизмот како државна религија, но се практикува верска сакале да го наметнат католицизмот. Католиците, кои доминирале во јужните провинции на земјата, не им било дозволено да ја проповедат својата религија отворено. Тие еманципирале за време на 19 век и 20 век, преку пиларизацијата, со формирање на сопствените социјални заедници. Во 20 век веќе започнал да опаѓа процентот на религиозните верници: повеќето од холандските евреи не го преживеале холокаустот, а во средината на 20 век, голем број од протестантските и католичките верници ја напуштиле црквата. Бројот на исламски верници значително се зголемил, како резултат на имиграцијата. Како една од причините за намалувањето на бројот на верници се смета социјално-либералната политика кон абортусот, евтаназијата, проституцијата и бракот од ист пол. Од 2000 година постои зголемена свест на религијата, главно како резултат на муслиманскиот екстремизам.
Денеска, најголемата религиозна организација е Римокатоличката, со 26.6% од вкупниот број на население, а помали се протестантската со 16.8%, муслиманската со околу 6% и.т.н.