top of page

Флора и фауна во Македонија

Флора е збирен поим за сите растенија во едно географско подрачје или временски период, и обично се однесува на автохтоните видови. Еквивалентен поим во животинскиот свет е фауната. Флората, фауната и другите обливи на живот како габи заедно се нарекуваат биота. •Флората на Македонија е претставена со околу 210 фамилии, 920 рода и околу 3.700 видови. Најзастапена група семскриеносемениците, со околу 3.200 видови, проследени од мововите (350 видови) и папратите (42).

•Фитогеографски, Македонија ѝ припаѓа на илирската покраина на Циркумбореалниот регион во рамките на Бореалното царство. Според Светслиот фонд за природа и Дигиталната карта на европски еколошки региони на Европската агенција за животна средина, територјата на Република Македонија може да се подели на 4 екорегиони: пиндски мешани шуми, балкански мешани шуми, родопски мешани шуми и егејски тврдолисни и мешани шуми.

бнмхјмнх.jpg
  • Фауна (од лат. fauna) е збирен поим за сите животни во едно подрачје или во некој геолошки период.[1]Еквивалентниот поим кај растенијата е флора. Флората, фауната и другите облици на живот како габите заедно се нарекуваат биота.

  • Животинскиот свет во Македонија е разновиден со разни видови на диви и питоми животни. Едни од нив човекот значително ги истребил, но исто така, многу од нив заштитил од истребување во националните паркови. Национален парк претставува ограничен дел од некоја територија во кој природата останала неизменета од страна на човекот. Тие се заштитени со закон.

дорјиф.jpg

*Диви животни

Од диви животни има главно претставници на медитеранската и средноевропската фауна. На средноевропската, преставници се: мечка, волк, црвенa лисица, рис, дива свиња, зајак, видра, верверица, куна, јазовец и др. Од птиците: орел, јастреб, чавки, еребици, гулаб, гугутка и др. Од влекачите: желката, разни видови гуштери и змии, а од водни животни пастрамки, крап, сом, црвеноперка и др. Во мочуриштата има разни видови барски птици, како на пример дива гуска, чапја, пеликан и др.

*Питоми животни

Од питомите животни во Македонија постојат коњи, овци, говеда, кози, свињи, магариња и други. Од птиците најзастапени се кокошки, мисирки, гуски и пајки.Тие се одгледуваат екстензивно, но и интензивно, во организирани сточарски и живинарски фарми. Во нашава република се негува и пчеларството, како посебна гранка за проидзводство на мед. Пчелите се најкорисни меѓу инсектите. Најпозна е мариовската пчела.


Featured Posts
Recent Posts
Archive
Follow Us
No tags yet.
Search By Tags
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page