top of page

Вештачки Езера во Република Македонија

—Вештачко езеро е езеро кое е создадено од човекот со преградување на текот на една река. Вештачките езера најчесто се користат за создавање на струја за потребите на човекот или за наводнување за потребите на земјоделството.

—Македонија има голем хидропотенцијал што е само делумно искористен, но во последно време се прават напори за изградба на нови хидроцентрали.

—Струјата во вештачките езера се добива со помош на хидротурбини коишто ја претвараат хидроенергија во електрична енергија. Денес во светот има неколку држави коишто најголем дел од електричната енергија го добиваат од хидро енергијата. Најпознати се Бразил, Швајцарија и др.

  • —Струговското Езеро претставува мала вештачка акумулација во Општина Демир Хисар на само 3 km од градот. Езерото се наоѓа во месноста Крагуево и потпаѓа во атарот на селото Стругово чие име го носи. Поради блискоста на Демир Хисар, езерото претставува идеално место за викенд туризам. Езерото е богато и со риба.

јјфјфј.jpg

  • —Липковското Езеро претставува значајна хидромелиоративна акумулација. Браната на ова езеро е одалечена 2 km од селото Липково и 12 km од Куманово. Акумулацијата се наоѓа на надморска височина од 478 метри, во долината на Липковска Река, десна притока на реката Пчиња. Должината на акумулацијата изнесува 1480 метри, а широчината 120 метри. Акумулацијата Глажња се наоѓа на 5 km возводно од браната Липково. Овие две акумулации претставуваат систем кој овозможува рекреативности содржани со капење, сончање и риболов.

  • —Глобочица е македонско вештачко езеро на реката Црн Дрим. Се наоѓа на околу 20 км северозападно од Струга, а изградено е во 1965 година. Браната е изградена од насипан камен, нејзината височина од темелот е 90 m, а од речното корито 82,5 m. Таа во основата е долга 270 m, на круната 202 m, а широчината на круната изнесува 6 m. Езерото е долго 12 km, најголемата широчина е 350 m, а просечната широчина 224 m. Во наведените рамки тоа зафаќа површина од 2,69 km². При кота на максимално ниво на езерската вода (691,5 m) во него може да се акумулираат 68,3 х 106 m³ вода, при кота на нормално ниво (687 m) по 57,8 х 106 m³, а при кота на минимално ниво (682 m) се акумулираат 13,0 х106 m³ вода.

  • —Крушевското Езеро понекогаш нарекувано и Гумење претставува вештачка акумулација во непосредна близина на Крушево. Од езерото истекува Крушевско-норовската река. Крушевското Езеро има богат рибен фонд. Најзастапени се крап, караш, клен, охридска и калифорниска пастрмка, црвеноперка,плашица, толстолобик и др . Риболовот е дозволен во текот на целата година со исклучок на месец јуни, кога е периодот на мрестење кај рибите.

  • —Дебарско Езеро или Шпиље — вештачко езеро во западниот дел од Македонија, јужно од Дебар на местото каде што реката Радика се влева во реката Црн Дрим кај месноста Шпилски Мост. Се наоѓа во близина на македонско-албанската граница. Има површина од 13,2 км², 92 м длабочина и надморска височина од 580 м. Се користи како акумулација за ХЕ „Шпиље”. Езерото е создадено со подигање на брана во висина од 102 м, која била градена во периодот од 1966 до 1968 година. Полнењето на акумулацијата завршило во 1969 година. Дебарското Езеро е најбогатото езеро со вода од сите вештачки езера во Македонија. Вкупниот волумен на акумулацијата е 520 милиони м3, а корисниот волумен изнесува 223 милиони м3 вода. Температурата на езерската вода изнесува околу 14.4°С, минималната се спушта на 3.0°С, а максималната до 23.9°С. Прозирноста на водата се движи од 4.4 м во средишниот дел, до 2.5 м во крајбрежјето.

  • —Беровско Езеро или Ратевско Езеро — вештачко езеро кое се наоѓа во Малешевијата непосредно до селото Ратево, односно гратчето Берово чии имиња ги носи напоредно. Езерото се наоѓа по течението на Брегалница, во непосредна близина на Берово, односно на 7 км оддалеченост. Поради релативната висока надморска висина околу езерото температурите во лето во просек се движат од 23°С до 25°С, додека во ноќите температурата се спушта и до 12°С.

  • —Матка е најстарото вештачко езеро во Македонија, чијашто акумулација е изградена во 1938 година. Добиено е со преградување на реката Треска со брана („Св. Андреја“), и создавање на вештачка акумулација во кањонот Матка. Од Езерото водата се користи за добивање на електрична енергија, но и за наводнување на селата во околината. Езерото е порибено и често пати се користи и за спортски риболов. Во ова езеро се наоѓа и подводната пештера Врело, една од најдлабоките подводни пештери во Европа, која има длабочина повеќе од 203 m.

гдв.png

  • Прилепското Езеро е лоцирано во месноста Гладно Поле во непосредна близина на Прилеп. Ваквата географска положба овозможува ова езеро да биде рекреативен центар и туристички мотив. Езерото е изградено на Оревоечка Река во 1967 год. и од тогаш се користи за наводнување и како технолошка вода.Тоа зафаќа површина од 0,54 km². Долго е 1,4 km, а широко 400 до 600 m. Најголема длабочина му е 28 m. Во езерото можат да се акомулираат 6.000.000 m3 вода. Под езерото се наоѓа потопеното село Пештерица.

  • —Калиманци (Калиманско Езеро) е вештачко езеро на реките Брегалница и Каменичка Река, изградено во 1969 година. Браната е камено-насипна со глинено јадро, висока 92 м, а долга 240 м. Езерото има должина од 14 км, широко е 0,3 км, а максималната длабочина достигнува до 80 метри. Зафаќа површина од 4,23 км2 и акумулира 127 милиони кубни метри вода. Основната намена на езерото е наводнување на околу 28.000 ха, главно површини под ориз во Кочанската Котлина, но и на дел од обработливите површини во Овче Поле. За таа цел изградени се два канала, од кои десниот е долг 98 км и водата ја носи до Овче Поле, а левиот е долг 36 км и ги наводнува површините во Кочанското Поле. Вишокот вода се користи за производство на електрична енергија преку изградената мала хидроцентрала со инсталирана моќ од 13,8 MW. Во езерото се наоѓа и островот Калата, кој е остаток од доцноантички рударски град во кој се ваделе калај и злато.

  • Козјак — вештачко езеро во Западна Македонија. Тоа е најголемото вештачко езеро во Македонија, сместено помеѓу под меѓу планината Сува Гора на запад и резерватот „Јасен“ на исток. Езерото е долго 32 км, некаде е длабоко и 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 м. Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска. Другиот пристап е од Скопје при што патот се протга под јужните падини на Водно. Езерото е создадено во 2004 година, кога започнала со работа хидроцентралата "Козјак", со капацитет од 150 GW/h електрична енергија. Целиот акумулациски систем бил проектиран од кинески инженери. Основата на браната е 500 м, а круната или врвот 310 м. Максимална кота на езерото е 469,9 м. Капацитетот на езерото е приближно 380 000 000 м³ (380 км³) вода.

  • —Мавровско Езеро е вештачко езеро во северозападниот дел на Македонија. Се наоѓа на 1200 м надморска височина меѓу шумовити и високи планини. На југ е заградено со шумовитата и тревна Влаиница, а на север со огранците на Шар Планина. Сè до 1947 година на местото на денешното езеро се наоѓала Мавровската котлина низ која течела Мавровската Река. Тогаш на реката на излезот од котлината и бил затворен патот кон Радика со голема земјена брана. Така котлината започнала да се полни со вода, а на нејзиното место се создало Мавровското Езеро. Денес езерото освен со помалите притоки со вода се полни и од реката Радика. Канализираните води на оваа река се користат за добивање електрична енергија и за наводнување. Во зимскиот период езерото замрзнува секоја година. Мавровското Езеро е порибено со пастрмка и со други риби, а околината му е богата со разновиден дивеч. Над езерото од сите страни се издигаат високилистопадни и иглолисни шуми, кои се огледуваат во бистрата езерска вода. Тие му даваат посебна убавина и изглед.

  • —Тиквешкото Езеро — вештачко езеро на Црна Река 12 км југозападно од Кавадарци, односно 3 км јужно од селото Возарци. Езерото е настанато во 1968 година со преградување на кањонот на реката и со изградба на брана висока 104 м. Браната е изградена од нафрлан камен со глинено јадро чија должина изнесува 338 м. Тиквешкото Езеро на север се граничи со вештачки создадената брана во близина на с. Возарци, на исток со атарите на населените места: Брушани, Ресава, Бегниште и Куманичево, како и висорамнината Витачево, на запад се граничи со атарите на с. Добротино,Праведник и планината Вишешница, а на југ со Мрежичко и Клиново.

—Тиквешкото езеро спрема својата географска положба може да се подели на два дела:

—горен дел; кој се протега во правец запад-исток, во должина е 9км, при полн капацитет на езерото со вода почнувајќи јужно од мигрираната населба Гудјаково, па се до сливот на реката Блашница во Тиквешкото езеро, и

—долен дел; кој прави лак од 90 степени, почнувајќки од сливот на реката Блашницата па се до бранта на хидроелектраната "Тиквеш", во должина од 19,5км и се протега во правец југ-север.

—Вкупната должина на Тиквешкото езеро при полн капацитет со вода изнесува 28.5км.

Проект изработен од нашите ученици:

—


Featured Posts
Recent Posts
Archive
Follow Us
Search By Tags
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page