Мртво Море
На најниска точка во светот се наоѓа мирна, сина водна површина од која излегуваат солени столбови. На некои места солени грутки пловат на површината на морето како скршени санти мраз. Опкружено со голи јудејски ридови од западната страна и висорамнината на библиските градови Моаб и Едон на исток, Мртвото Море се протега по долината и има должина од 80 км. Полуостровот Ел Лисан (што значи „јазик”) го дели морето на два дела: северниот е поголем и подлабок, а во јужниот се сконцентрирани солените столбови. Тие дебели наслојки почнале да се формираат пред повеќе од 2 милиони години. Водата од реката Јордан брзо испарува на температури што во лето изнесуваат и до 50 степени Целзиусови и зад себе остава слој од глина, песок, камена сол и гипс.
Еве еден проект кој го изработиле нашите ученици: